Сончево со ниски утрински температури
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека утрово по котлините ќе има услови за магла и ниска облачност, а преку ден, се очекува да биде сончево со мала до умерена облачност, претпладне поголема во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието краткотрајно засилен ветер од северен правец.
Според најавите, минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.
Во Скопје, наутро ќе има услови за појава на магла. Преку ден, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Според синоптичарите, минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Во следниот период се најавува стабилно време со пониски утрински температури, а дневните до крајот на работната недела ќе бидат во постепен пораст.
Ново на Сител
-
Промоција на противпожарни возила во Криволак
-
Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка
-
Малолетниците во просек до пет часа дневно на интернет
-
Во поплавите во Тексас загинаа над 50 луѓе
-
На ГП „Богородица“ се чека од 30 до 40 минути
-
Маск формира нова политичка партија во САД
-
Во Рио де Жанеиро се одржува 17 Самит на БРИКС
-
ЦУК: Пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат