Сончево со мала облачност, кон крајот на денот и во текот на ноќта пороен дожд, грмежи и засилен ветер
– Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Особено на исток и во југоисточните делови процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на краткотрајно невреме со порен дожд, чести грмежи и засилен ветер.
Утринските температури ќе се движат од 10 до 18 степени, а дневните од 24 до 30 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, кон крајот на денот и вечерните часови ќе има услови за појава на нестабилност со појава на пороен дожд проследен со грмежи. Утринската температура ќе достигне до 16 степени, а дневната до 28 степени, информираат од УХМР и препорачуваат да се внимава во случај на појава на електрични празнења и да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Ново на Сител
-
Над 200 илјади родители и старатели може да пристапат до Е-дневникот преку мобилна апликација
-
Објавен списокот на кошаркари за натпреварите со Естонија и Полска
-
Училиштата ќе добијат упатство за постапување во случај на хибридни закани
-
Маж и жена од Неготино меѓусебно се истепале па се пријавиле во полиција
-
Над 900 санкции за сообраќајни прекршоци за еден ден на територија на цела држава
-
Диско-гел, нова метода на третман на дискус хернија во болницата ,,8 септември"
-
Јаневска: Наставникот ќе одлучи дали да се користат телефони на часот, одлуката за нивна забрана ја носат општините
-
Од утре попладне дожд на пониските и снег на повисоките места