Сончево со мала до умерена облачност и ветер
Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од минус три до пет, а максималните ќе достигнат од седум до 14 степени.
Во Скопје ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температуро ќе се спуштат до нула, а максималните ќе достигнат до 12 степени.
Во сабота ќе преовладува претежно облачно време, а во недела и во понеделник претпладне ќе има повремени врнежи од дожд. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат претежно од снег каде ќе се формира снежна покривка.
Ново на Сител
-
14-годишник ненадејно починал во битолско, му се слошило додека бил на роденден
-
Галант го информира Блинкен за операцијата во Рафа
-
УКИМ повторно рангиран на 1.990 место од 2.000 најдобри универзитети во светот
-
Претседателката ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, во јавни настапи има лично право на самоопределување, велат од кабинетот на Силјановска Давкова
-
Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат
-
Еруптираше вулканот Ибу во Индонезија
-
Тројца уапсени во Велика Британија поради соработка со разузнавачката служба на Хонг Конг
-
Во Косово досега попишани над 1,42 милиони лица, дел од Србите „се двоумат“