Сончево, по котлините магливо и постудено
Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност. По котлините во поголем дел од денот ќе се задржи магливо и постудено. Минималната температура ќе биде во интервал од минус три до три степени, а максималната од седум до 17 степени.
Утре ќе биде сончево со мала облачност. По котлините во поголем дел од денот ќе се задржи магливо и постудено. Минимална температура ќе биде во интервал од минус три до четири степени, а максимална температура од седум до 16 степени.
В четврток ќе биде претежно облачно, по котлините магливо. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Минимална температура ќе биде во интервал од минус еден до пет степени, а максимална температура од осум до до 14 степени.
До четврток ќе се задржи стабилно време, по котлините во поголем дел од денот облачно, магливо и постудено. Во текот на ноќта кон петок ќе има локални врнежи од дожд, а во петок се очекува умерен јужен ветер и расчистување на маглата. Нов влажен бран со врнежи од дожд ќе има за време на викендот.
Ново на Сител
-
СДСМ: Инспекторатите работат на црно, сите контроли се незаконски
-
Стартуваат градежни активности во Општина Илинден
-
За 25% намалена цената на свинското месо жива мера
-
Преглед на вестите од светот
-
Речиси 83.000 вработени не зеле плата за јануари
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
Многу деца во Македонија со вишок на килограми – најдебелиот пациент во земјата има 288 килограми
-
Хаос во српското Собрание - повредени неколку пратеници