Сончево и топло со слаб до умерен ветер
Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб, а долж Повардарието и во источните делови повремено умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 38 степени Целзиусови.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и во наредните денови ќе преовладува сончево и многу топло време, особено во почетокот на следната седмица кога на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури. Максималната температура наместа ќе надминува 40 степени. Од среда попладне, а особено во четврток ќе се зголемуваат условите за појава на пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Антонио Милошоски, потпретседател на Собрание
-
Акција против загадувачите
-
Нови правила за сезонските работници во Македонија
-
Студентите ќе ги учат вработените во МОН
-
За 3 дена, 3 жртви во 2 сообраќајки на истокот
-
82 годишнина од депортацијата на штипските евреи
-
Интерепалции: За СДСМ напад на уставниот поредок, за ВМРО-ДПМНЕ чистење од партиски кадри
-
Членовите на Судски совет се уште не одлучиле дали ќе присуствуваат на собраниската седница за нивна интерпелација