Сончево и топло - попладне невреме со пороен дожд, грмежи
Времето во Македонија ќе биде сончево и топло. Во попладневните часови во северите делови од земјата ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен дожд и ретки грмежи.
Утринската температура ќе се движи од 11 до 20, а дневната од 31 до 39 степени.
УВ-индексот ќе има вредност 9.
Во Скопје слично време, сончево и топло. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе достигне до 38 степени.
До вторник дневната температура ќе биде во секојдневен пораст и во голем дел од земјата температурата ќе надминува 35 степени, а на југоистокот ќе достигнува и 40 степени. УВ-индексот ќе има многу висока вредност 9.
Утре и во понеделник не е исклучена ретка појава на краткотраен дожд и грмежи, пред се во планинските подрачја.
Од вторник се очекува промена на временската состојба кога во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во северните делови. Дневната температура, почнувајќи од запад ќе биде во опаѓање, кое ќе продолжи и во наредните два дена.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-
Мицкоски оптимист за ЕУ интеграцијата и покрај ставовите на Кос
-
Гаши за уставните измени
-
Mицкоски ќе оди на средба со банкарите – да им го каже она што сакал да им го каже
-
Скопје на седмо место според загаден воздух во светот – почна сезоната на алармантно аерозагадување
-
Десет дена Виница се гуши во отпад
-
Граѓански собир во Охрид за решавање на проблемот со дивите депонии
-
Слаб интерес за приклучок на гасоводната мрежа во Струмица