Македонија
21. March 2017 - 8:11

Сончево и топло до 24 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во западните делови ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од еден до осум, а дневната од 19 до 24 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 23 степени.

До крајот на работнава недела времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Максималните температури ќе бидат повисоки од просечните за овој период од годината. Во западните делови ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд, особено во вторник и в четврток.