Сончево и потопло со мала облачност
Времето во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Утринската температура ќе се движи од три до 10, а дневната од 23 до 28 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе достигне до 27 степени.
Утре ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност и со пораст на дневната температура. Кон крајот на денот ќе има услови за локална појава на нестабилност. Температурата ќе се движи од 23 до 30 степени.
Нов влажен бран со врнежи од дожд се очекува в недела. Врнежите на повеќе места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува повремено засилен северозападен ветер што ќе услови повторно намалување на температурата за околу 5 до 7 степени и ќе се движи во интервал од 16 до 23 степени.
И во почетокот на наредната недела во попладневните часови времето ќе биде променливо и нестабилно со услови за локален пороен дожд и грмежи. Температурата ќе биде во постепен благ пораст и ќе се движи во интервал од 18 до 24, а во вторник и среда од 20 до 27 степени.
Ново на Сител
-
Почнува летното сметање на времето
-
Трамп: Ако не можеме да постигнеме договор, работите ќе станат непријатни за Иран
-
Бројот на жртвите во земјотресот во Мјанмар се искачи над илјада
-
Облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне
-
Обилни врнежи град го отежнаа сообраќајот на автопатот Скопје-Штип
-
Рокас: Судството мора да има средства и буџет за независна работа
-
Гутереш: Украина има легитимна влада
-
Трамп разговарал со претставници на Мјанмар, ветил помош за земјата