Сончево и многу топло со температура до 41 степен
– Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб југоисточен ветер. Нaсекаде ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури и УВ зрачење кое ќе изнесува 9, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Утринските температури ќе се движат од 14 до 22 степени, а дневните од 32 до 41 степен.
Во Скопје и околината сончево и многу топло со утринска температура до 21 степен, а дневна температура до 41 степен.
Од УХМР посочуваат дека утре само во јужните делови ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури и УВ зрачење. Утре кон крајот на денот и в четврток на места ќе има зголемување на облачноста со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме. Од четврток температурата ќе опадне за 5 до 8 степени, најпрвин во северните делови, а од петок и насекаде низ земјава.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Расте македонската економија
-

СДСМ: ЈО да отвори истрага за унгарскиот кредит
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го кочи развојот
-

Нова спортска сала во Карпош
-

Прилеп има градинка, но нема негувателки
-

Штип ги стипендира најуспешните млади ученици спортисти
-

Охрид и Струга со потенцијал за конгресен туризам
-

Преглед на вестите од светот

