Македонија
28. August 2023 - 8:41

Сончево и многу топло, кон крајот на денот пороен дожд

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Кон крајот на денот ќе се зголеми облачноста, а преку ноќта и утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната од 30 до 38 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала облачност. Минималната температура ќе изнесува 20, а дневната температура ќе достигне до 38 степени Целзиусови.

Од утре дневните температури во земјава ќе опаднат за неколку степени.