Свет
4. May 2017 - 8:56

Сомалија: Министер по грешка убиен од припадници на обезбедување

Сомалискиот министер за јавни работи и обнова, Абас Абдулах Сираџи убиен е синоќа во Могадишу во пукотница која официјални лица ја нарекоа, по грешка.

Сомалиската Влада во соопштение нагласи дека „длабоко жали“ поради смртта на министерот, најмлад член на Владата кој е на функција од 2016 година.

- Врз неговото возило припадници на обезбедување на друг владин министер пукале по грешка пред претседателската палата, изјави сенаторот Илијас Абдулахи.

Сираџи имаше 31 година и пораснал во Кенија во камп за бегалци, а на неговата животна приказна многумина гледаа како на инспирација во Сомалија, земја која во изминатите 25 години минува низ конфликти и анархија.