Солзи радосници: Момче се расплака бидејќи пред Божиќ ја победи болеста

Стивен Котер имал само 6 години кога му била дијагностицирана леукемија во август 2016 година. Само неколку дена по дијагнозата, тој започнал со хемотерапија и лекови – сето тоа траело цели три години.
Минатиот викенд Стивен седел во трпезаријата каде го земал својот последен лек. Неговата мајка, Ешли, објави на Фејсбук видео, на кое Стивен плаче пред да го земе својот последен лек.
Таа напиша: „СЛАВЕТЕ ГО ГОСПОДА!!! Последна хемотерапија на ова храбро момче. ГОЛЕМИ СОЛЗИ РАДОСНИЦИ. Знам дека нема звук, но можете да го почувствувате тоа“.

На снимката, која стана многу популарна, Стивен седи во трпезаријата со главата во рацете додека е опкружен со море од празни шишиња со лекови. Почна да мавта со главата додека очите му беа исполнети со солзи – сфати дека конечно го победил ракот.
Сите славеа додека Стивен ги крена рацете нагоре. Тогаш татко му го прегрна, а неговиот помал брат и пријателот се веселеа.
Неговата мајка откри дека било ужасно да се слушне дека нејзиниот син има рак. Но, сето ова само го собрало нивното семејство и ги приближило до Бога. Низ се што поминале, тие никогаш не престанале да веруваат во Бога.
Ново на Сител
-

Јаневска: Многу брзо ќе слушнеме нова неправилност поголема од онаа на Филозофски факултет
-

УГД станува хаб за сајбер одбрана во регионот
-

Еден загинат и тројца повредени градежни работници на градилиште во Кисела Вода
-

Спикерот Гаши домаќин на 20-та конференција на Јадранско-Јонската иницијатива
-

Стартап академија ги поврза младите од Македонија и Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Пратениците да се консултираат со уставни експерти пред да се носат измените за укинување на двојното државјанство
-

Предлогот за укинување на техничката влада помина на Собраниска комисија, Филипче со ултиматум до власта
