Соло-рецитал „Сонце и љубов“ на тенорот Благој Нацоски

Најпознатиот македонски тенор Благој Нацоски, кој оваа година одбележува 15 години меѓународна кариера, вечер од 20 часот во Македонската опера и балет ќе има целовечерен соло-рецитал насловен „Solo e amore“ (Сонце и љубов).
Во пијано придружба на Јанинка Невчева тој ќе изведе 20 соло-песни од Винченцо Белини, Џоакино Росини, Џакомо Пучини, Франческо Паоло Тости, Рејналдо Хан и Бенџамин Бритн.
- По ланскиот успешен настап, кога беше изведен циклусот „Зимско патување” од Шуберт, годинава повторно ќе присуствуваме на еден несекојдневен настан. Во сите соло-песни ќе преовладуваат токму љубовта и сонцето, односно претежно весел карактер, кој буди оптимизам кај слушателот, соопшти МОБ за рециталот на Нацоски во кој циклусот „Венеција” од Рејналдо Хан ќе биде изведен првпат во Македонија.
Во изминатите години Нацоски бележи бројни успеси во Миланска скала, Њујорк, Токио, Париз, Парма, Бангкок, Макао, Неапол, Валенсија... Кариерата ја почна во 2003 година со настапот на сцената на Римската опера како прв Македонец што настапил во оваа престижна оперска куќа. Од таму неговата кариера рапидно се шири низ светот, настапувајќи во најпрестижните театри.
Нацоски има снимено неколку ДВД-изданија, меѓу кои од јануари годинава е и ДВД и Блу-Реј од претставата „Турандот“ од Миланска скала за ДЕККА.
Покрај оперска музика, негува и концертна дејност. Во текот на февруари 2018 го изведе циклусот „Зимско патување“ од Франц Шуберт, кој го репризираше во Рим и Александрија. Ги изведе и „Љубовните валцери“ од Шуман и Брамс на Велигденскиот фестивал во Монтепулчано.
Неодамна дебитираше во Тбилиси, Грузија, а наскоро со Росиниевиот „Севилски бербер“ и два гала-концерта ќе дебитира во Русија. Потоа ќе настапи со Моцартовиот „Реквием“ во Милано, со операта „Ла Ривале“ во Мишколц, Унгарија, по што ќе следува голема турнеја во Јапонија и Кина со концерти и со оперите „Турандот“ и „Трубадур“.
Ново на Сител
-

По сомнеж од мајката, при преглед на ГАК откриена бременост кај 14-годишно девојче
-

Приведен 30-годишен велешанец, украл телевизор од домот на сограѓанин
-

26-годишник од с.Волково повреден со остар предмет при расправа за паркинг
-

Две лица од Крива Паланка, едниот од нив малолетник, физички нападнале службени лица од АХВ
-

Захарова: Европа ќе биде првата жртва ако Зеленски добие нуклеарно оружје
-

Мицкоски: Намалувањето на ДДВ дава резултат, во понеделник очекувам поевтинување на бензините
-

Трамп најави дека Куба е „следна“
-

Прекумерната тежина е сериозна хронична болест во Македонија
