-->
-->
Солиден настап на ПК Бета во Зрењанин
-->
Пливачите на македонскиот клуб Бета викендот на „Србија Гран При“ освоија еден медал, а имаа и неколку пласмани во финални трки.
Носител на сребрен медал е Матеј Цветановски кој го освои второ место во дисциплината 50 метри слободно и имаше најдобар резултат по бодови во негова категорија.
Ангеловски Љупчо се квалификува во полуфинале и финале во дисциплината 100 метри делфин, во полуфинале во дисциплината 50 метри грбно и полуфинале и финале во дисциплината 50 метри делфин.
Марко Бејатовиќ се квалификува во финале во дисциплината 400 метри мешано и во полуфинале во дисциплината 100 мешано.
Овој натпревар е познат по тоа што програмата е идентична на Европското првенство на мали базени па поради тоа учество земаат врвни пливачи и има голема конкуренција.
На турнирот учествуваа вкупно 358 пливачи од 52 клуба од 11 држави.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
ВО ЖИВО: Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ
-
И ДУИ и Вреди со завршни митинзи во Тетово во понеделник
-
Кампања за парламентарни избори
-
Осигурителните компании не ги поевтинија полисите