Сок од ружа: Дали сте знаеле дека лечи акни, првут, реума?

Лековитите својства на ружата се познати многу одамна, за што сведочат записите најдени во Египет, Индија и Кина и каде може да се најде упатство за примена на лековитите својства на ружата.
Ви претставуваме неколку лековити рецепти од ружа кои можете да ги направите во домашни услови:
Сируп од ружа
Два грста ливчиња од ружа се поливаат со половина литар врела вода и се остава затворено да отстои 24 часа. Се цеди и се загрева заедно со 250 гр шеќер, а кога шеќерот ќе се стопи се додава сок од еден лимон и се вари уште 5 минути. За белодробни болести се пие по 2-4 големи лажици сируп дневно.
Ружа во маслиново масло
Се подготвува исто како масло од кантарион. Листовите од ружа се оставаат да отстојат во маслото месец дена, а потоа маслото се користи за мачкање на рани кои тешко заздравуваат, при изгореници и испукана кожа.
Вода за масажа
Водата во која десетина дена отстојале ливчиња од ружа се користи за масажа при реума, како облога при гихт, против првут со плакнење на косата или за отстранување на акни како замена за тоник.
Чај од ружа
Две супени лажици суви ливчиња од ружа се поливаат со 3 дл врела вода и се остава садот затворен да отстои 5-10 минути.
Се пие за причистување на крвта, при болести на црниот дроб и жолчката како и проблеми со варењето на храната. Чајот помага на сите кои ја уништиле цревната флора со прекумерна употреба на антибиотици.
Се користи за испирање на грлото при воспаление или габични инфекции на усната шуплина.
Ново на Сител
-

Новогодишен воз на Железници Транспорт на 2, 3 и 4 јануари
-

Запленети над 40 илјади парчиња петарди и огномети во акција на мобилен царински тим
-

Поранешниот директор на затворот Шутка Филип Андов - Сокол осуден на осум месеци затвор
-

Многу студена новогодишна ноќ, силен северен ветер и температури до -15 степени
-

Над 6.000 парчиња пиротехника запленета на Бит Пазар
-

Мицкоски: 2026 година ќе биде година на раздвижување и на преобразба
-

Тажна вест: Почина познатиот скопски угостител Боби Ле Петит
-

Потпишан трипартитен договор за дигитална инфраструктура за примена на Законот за работно ангажирање на лица
