Софија со нота до МНР регира за дел од слоганите на протестите во Скопје
Софија испрати нота до Министерството за надворешни работи во Скопје поради, како што се наведува, констатираните многубројни слогани и транспаренти, насочени против Бугарија изминатите денови во јавноста на Северна Македонија.
Како што јави дописникот на МИА од Софија во нотата се изразува „длабока загриженост поради тоа што се случува, а кое се однесува на ширењето на антиевропскиот наратив против воспоставувањето на добрососедските односи меѓу двете земји“.
-Особено загрижувачки е тоа што злонамерните дејствија во јавноста ескалираат во момент кога Софија и Скопје активно бараат пат кон конструктивен дијалог и пронаоѓање трајно взаемноприфатливо решение во интерес на европската интеграција на Република Северна Македонија и регионот, се наведува во нотата.
Во документот се изразува уверување дека ваквите настани ќе станат дел од минатото, а двете држави ќе успеат да отворат нова страница во односите, заснована на взаемно почитување и искрено пријателство.
Ново на Сител
-
Кандидатите за членови во Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги реферираа пред Комисијата за избори и именувања
-
СОС Детско село ја доби Цветиновата награда за мир
-
Во Чаир три кражби на чанти
-
Тошковски во посета на Центарот за борба против тероризам на Унгарија
-
Ја продал нивата за да се прошират гробиштата, сега му ја враќаат со 150 закопани
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Делчево - Македонска Каменица
-
Ангелов: Државата е подготвена за претстојни врнежи од снег
-
Кан: Нојер не треба да го пропушти вистинскиот момент за пензионирање