Социјални пакети за самохраните родители од Карпош
Општинската организација на Црвениот крст – Карпош, денеска подели хигиенски средства и продукти за одржување на лична хигиена на 40 домаќинства кои се наоѓаат во социјален ризик.
Од прес-службата на Општина Карпош информираат дека станува збор за донација од компанијата „Саманта“, наменета за самохраните родители кои живеат на територија на општина Карпош.
– Локалната самоуправа самостојно, но и во соработка со приватниот сектор постојано води грижа за граѓаните кои се наоѓаат во потешка материјално – финансиска состојба, особено во периодот на владеење на коронавирусот, соопштуваат од општината.

Посочуваат дека во изминатиот период доделиле прехранбени продукти и средства за хигиена, на околу 130 домаќинства кои живеат на нејзина територија. – Исто така, Одделението за детска, социјална и здравствена заштита при Општината, додели еднократна финансиска помош на 90 лица, меѓу кои 45 карпошани добија средства за лекување, а 45 сограѓани добија парична помош затоа што се наоѓаат во социјален ризик, соопштуваат од општината.
Додаваат дека службите на локалната самоуправа постапиле, врз основа на доставените барања од граѓаните, кои биле адресирани до општината и кои ги исполнуваат соодветните критериуми за да добијат еднократна социјална помош.
Ново на Сител
-

СЗО: Бројот на случаи со хантавирус во светот намален на 10
-

Вардар е нов шампион на Македонија - 12-та титула за нашиот најтрофеен клуб
-

Кремљ соопшти дека се завршени подготовките за претстојната посета на Путин на Кина
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
