Сочувство од премиерот Заев за загинатите во несреќата на патот Скопје – Тетово
Премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил изрази сочувство за загинатите во тешката сообраќајка што се случи попладнево на патот Скопје – Тетово, кај Карпалак.
-Неизмерна е болката и тагата и нема зборови што можат да бидат утеха за тешката сообраќајна несреќа која беше кобна за повеќемина наши сограѓани. Сочувствуваме со најблиските за нивните загуби. Ги мобилизираме сите сили и капацитети да им помогнеме на сите останати со животозагрозувачки и други повреди колку што може побрзо да ја добијат неопходната помош и да им се вратат на своите најблиски, напиша Заев.
Длабоко сочувство до семејствата и сите блиски на загинатите сограѓани во автобуската несреќа на патот Скопје – Тетово, изразија и вицепремиерот Бујар Османи, министерот за надворешни работи Никола Димитров, како и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Ново на Сител
-
Министерството за култура и туризам обезбеди 15 милиони денари за реконструкција на црквата Св. Кирил и Методиј во Струмица
-
Крводарителството во Охрид во подем
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Антонио Милошоски, потпретседател на Собрание
-
Акција против загадувачите
-
Нови правила за сезонските работници во Македонија
-
Студентите ќе ги учат вработените во МОН
-
За 3 дена, 3 жртви во 2 сообраќајки на истокот