Собраниската комисија за надзор ќе разгледува извештај за прислушувани лица
- Членовите на матичната собраниска Комисија денеска ќе го разгледуваат Извештајот за извршените контроли на примената на посебната истражна мерка „Следење и снимање на телефонските и други електронски комуникации во постапка утврдена со посебен закон“.
Ова е единствена точка на денешната седница на Комисија за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана.
Покрај оваа, во Собранието седници ќе одржат и Комисијата за здравство и Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство.
На дневен ред на Комисијата за здравство се извештаите на Законодавно-правната комисија по предлог-измените на Законот за санитарна и здравствена инспекција и на Законот за лекови и медицински средства, двата во второ читање.
Комисијата за земјоделство ќе го разгледа извештајот на Законодавно-правната комисија по предлог-измените на Законот за ловство.
Ново на Сител
-
Руте: Европа има важна улога во обезбедувањето траен мир во Украина
-
Мицкоски: И покрај значајните отстапки за напредок во евроатлантската интеграција, остануваме посветени на заштитата на националните интереси и идентитет
-
Средба Зеленски-Келог: Силни односи Украина-САД ќе бидат од корист за целиот свет
-
Мицкоски е потврден говорник на годишната Конференција на конзервативците во Вашингтон | ВИДЕО
-
Путин: Во Русија лани за тероризам биле осудени 1.075 лица
-
Првите луѓе на ЕУ ќе го посетат Киев на третата годишнина од руската инвазија
-
Откриено картелско работење
-
Жерновски отповикан од амбасадор во Романија - дознал преку „Службен весник“