Собраниска делегација на Интерпарламентарната унија во Белград

Делегација на Собранието на Република Северна Македонија ќе учествува на 141. Собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ), што се одржува од 13 до 17 октомври во Белград, Република Србија.
Во делегацијата се Талат Џафери, претседател на Собранието, Диме Велковски, Агим Шаќири, Димитар Стевананџија и Јулиана Николова, како членови и генералниот секретар на Собранието, Цветанка Иванова.
Се очекува на ова Собрание на ИПУ да учествуваат околу 1.700 претставници од над 140 земји членки на Унијата, како и повеќе од 70 претседатели на парламенти.
Главна тема за дискусија на 141. Собрание на ИПУ е „Зајакнување на меѓународното право: парламентарни улоги и механизми и придонесот за регионална соработка“.
Комисиите на ИПУ ќе дискутираат за бројни прашања од нивната надлежност, меѓу кои: парламентарни стратегии за зајакнување на мирот и безбедноста во пресрет на предизвиците и конфликтите што произлегуваат од климатските катастрофи и нивните последици; актуелизирање на дигитализацијата и циркуларната економија за постигнување на целите за одржлив развој, одговорна потрошувачка и производство, постигнување на универзално здравствено покривање до 2030 година – улогата на парламетите за гарантирање на правото на здравје,криминализација на перењето на пари; унапредување на родовата еднаквост, зајакнување на моќта на младите и сл.
Во рамки на 141. Собрание ќе биде одбележана 130. годишнината од формирањето на Интерпарламентарната унија и 70. годишнината од Женевските конвенции.
Како што е најавено од собраниската прес-служба, седници ќе одржат „Форумот на жени парламентарки“, „Форумот на млади парламентарци“ и „Здружението на генерални секретари на парламенти“, а предвидени се и бројни билатерални средби на членовите на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија.
Ново на Сител
-

Станков: Кај 33 жртви од „Пулс“ пронајден цијанид – но не е причина за смртта
-

Чупиќ: Во оваа сала е многу тешко да се игра, сите не почитуваат
-

Работник тешко повреден од струен удар во Куманово
-

Кривична за четири малолетнички за ученичкото насилството Ѓорче Петров, пријави ќе добијат и нивните родители
-

Поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков пуштен на условен отпуст
-

Одбележани 123 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев
-

Мицкоски: Mакедонија има прекрасни места за летување aко ЕЕС-системот претставува проблем
-

ЦУК: Ставен под контрола пожарот во Шуто Оризари, гореше машина за мелење железо
