Собраниска делегација на Интерпарламентарна конференција во Белград
Македонска собраниска делегација на 13 април во Белград ќе учествува на семинар на тема „Инструмент за пред-пристапна помош во руралниот развој: Научени лекции и идни перспективи", што се одржува во рамките на Интерпарламентарната конференција во организација на Европскиот парламент и во соработка со Народното Собрание на Република Србија.
Во собраниската делегација се пратениците Татјана Прентовиќ, Мира Стојчевска, Реџаиљ Исмаили и Панче Минов, од Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Интерпарламентарната конференција треба да ја отворат Ненад Чанак, претседател на Комисијата за европска интеграција од Народното Собрание на Република Србија Чеслав Сиекиерски, пратеник во Европскиот парламент и претседател на Комисијата за земјоделство.
Обраќање се очекува да има Маја Гојковиќ, претседател на Народното Собрание на Република Србија, Јадранка Јоксимовиќ, министер за европски интеграции, Бранислав Недомовиќ, министер за земјоделство шумарство и водостопанство и Едуард Кукан, пратеник во Европскиот парламент и член на Комисијата за надворешни работи.
На претстојната Интерпарламентарна конференција се очекува да учествуваат и Зоран Јанјатовиќ, помошник министер за секторот за рурален развој, Бобан Илиќ, генерален секретар за рурален развој и животна средина (SWG) за Југо Источна Европа и Наталија Богданов од Факултет за земјоделство - Белград.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор