Собранието треба да ја продолжи 17. седница
Собранието денеска во 14 часот треба да ја продолжи 17. седница на која на дневен ред се повеќе закони по скратена постапка.
На минатото продолжение на 17. седница започна расправата по Предлог на закон за изменување на Законот за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти, а на дневен ред се и измени на Законот за урбано зеленило, на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија, на Законот за јавните патишта, на Законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај, на Законот за поштенските услуги, на Законот за скијалишта, на Законот за домување, на Законот за автокампови, на Законот за градежно земјиште, сите по скратена постапка.
Пратениците ќе расправаат и за изменувањата и дополнувањата на Законот за градење, за измените на Законот за урбанистичко планирање, за изменување на Законот за воздухопловство, за измените и дополнувањата на Законот за внатрешната пловидба, за измените на Законот за сигурност во железничкиот систем, за измените на Законот за интероперабилност во железничкиот систем, за измените на Законот за жичари и ски-лифтови, за измените на Законот за договорите за превоз во железничкиот сообраќај, за измени на Законот за градење, по скратена постапка, сите по скратена постапка.
На дневен ред на седницата се и Предлог на национална развојна стратегија 2024-2044 година - Второ читање и Предлог на програма за спроведување на Националната развојна стратегија за периодот 2024 – 2028 година.
Претпладне во Собранието седница ќе одржи и Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања, на која се очекува да биде верификуван мандатот на Катерина Димитровска, која ќе биде новата пратеничка во Собранието. Димитровска доаѓа на местото на Марија Митева, која поднесе оставка и стана портпаролка на Владата.
Ново на Сител
-
Автомобил ја проби блокадата во Белград и удри студент | ВИДЕО
-
Четири возила учествувале во сообраќајната несреќа на патот Куманово-Крива Паланка
-
Врнeжи од снег во Берово, Делчево и на планинскиот превој Плетвар, не се пречка за сообраќајот
-
Кривична за два полицајци - неовластено му го ограничиле движењето на турски државјанин
-
„Росавијација“: Авионот на „Азербејџан ерлајнс“ ја промени рутата поради густа магла и закана од украинските дронови
-
Обвинителството оформи предмет по допрен глас за изјавата на Мицкоски дека бил следен
-
Дурмиши: Доколку продолжат со зголемување на цените, одлуката за замрзнување на цените е подготвена
-
Протестен марш против аерозагадувањето утре во Скопје