Собранието треба да ја продолжи 126. пленарна седница
Собранието на Република Северна Македонија се очекува денеска по 11:00 часот да ја продолжи 126. седница на која на дневен ред се 125 точки, претежно закони по скратена постапка, во прво и во второ читање.
Собранието денеска треба да се изјасни за продолжување на рокот за постоење кризна состојба заради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Северна Македонија, а потоа да ги изгласа одлуките за именување на директори, заменици директори и членови на неколку државни институции и комисии. На дневен ред се исто така две ратификации од кои едната меѓу нашата Влада и Владата на Србија за отворање на заеднички премин Лојане – Мијатовец. На оваа седница се и повеќе закони по скратена постапка кои, како што информираат од Собранието, се најголем дел за усогласување на Законот за прекршоци
Оваа пленарна седница започна вчера, а пратениците седум часа не можеа да се договорат за тоа како ќе изгледа дневниот ред. Поради доцнењето на почетокот на седницата и поради неможноста да се расправа по точките од дневниот ред претседателот на Собранието Талат Џафери седницата ја продолжи до 23:30 часот.
Расправата почна со Предлог-декларацијата за правото на политичко учество на граѓаните со попреченост, поднесена од група пратеници.
-Ќе бидеме меѓу првите земји во светот кои усвојуваат ваква Декларација, рече Фросина Ременски, еден од предлагачите.
Ново на Сител
-
СДСМ: Власта да не го игнорира загадувањето
-
Грипот и респираторниот синцицијален вирус ја наполнија клиниката “Козле” со болни деца
-
Граѓаните на Шуто Оризари се решени ѓубрето од дома да го однесат пред Град Скопје, вели Османовска
-
Нема откуп на годишната реколта на ориз, министерот смирува, ќе се откупува за стокови резерви
-
Преглед на вестите од светот
-
Пет интерпелации на денешната собраниска седница
-
ДУИ за видеото на Ахмети во униформа на УЧК - Тоа е неговата биографија
-
Тошковски за видеото на Ахмети - Неуспешен обид за дефокусирање од криминалите