Собранието разгледа повеќе годишни извештаи, гласањето дополнително
Собранието на Република Македонија во попладневниот дел од денешната работа по дневниот ред на 46-тата седница ги разгледа Годишниот извештај за работата на Дирекцијата за заштита на личните податоци за 2017 година и Извештајот за активностите на СЈО за периодот од 15.09.2017 до 15.03.2018 година.
Како што информира специјалниот јавен обвинител Катица Јанева, во петтиот извештаен шестмесечен период на СЈО се донесени првите пресуди за 11 обвинети лица и отворени се седум нови истраги за 17 физички лица. Повторно, додаде, најголем дел од кривичните дела се за злоупотреба во вршењето на службената дејност и разни други злоупотреби што произлегоа од противправно сниманите разговори.
Во овој извештаен период, нагласи Јанева, има значаен напредок во предистражната постапка за некои од предметите што ги води Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.
Јанева посочи дека во петтиот извештаен период на СЈО се обработени 85 проценти од вкупниот број аудио фајлови и се анализирани и обработени 551.572 разговори и 1.748 транскрипти во кои постои идникација за сторено кривично дело. Уште 100.000 аудио фајлови се проверуваат. Преземени се и предметите „Монструм“, „Скопје 2014“, „Актор“,.. Побара СЈО да остане составен дел на македонското обвинителство и по истекувањето на мандатот.
Собранието ги разгледа и годишните извештаи за работата на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен и на Агенцијата за администрација, трите за 2017 година.
За извештаите ќе се гласа дополнително, бидејќи опозицијата ја напушти седницата по објавувањето на пресудата за поранешниот премиер Никола Груевски за случајот „Тенк“ на СЈО.
Ново на Сител
-

Изборот на Хоџа и Сали во четврток пред пратениците
-

Владата утре ќе прогласи кризна состојба, за да се користи мазут од стоковите резерви
-

Тема на денот со Благоја Ралповски, претседател на КСС
-

80-годишнината МНТ ја прославува со сценскиот спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето - Made in MNT“
-

Преглед на вестите од светот
-

Анита Тополова Исајловска избрана за в.д државен јавен обвинител
-

Трамп ја менува Агелер, амбасадорката на САД во земјава
-

Откако се раздвоија на патот кон ЕУ, сега Албанија ја поддржува европската интеграција на Македонија
