Собранието расправа за Законот за слободни здравствени зони
Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 91. седница ја почна расправата за Законот за слободни здравствени зони, кој е во второ читање.
Во текот на расправата опозицијата се изјасни дека ќе гласа против затоа што според нив со парите од народот ќе се подржуваат инвестициите во овие зони, а услугите што ќе ги даваат здравствените установи што ќе се градат во зоните нема да бидат достапни за граѓаните.
Јагода Шахпанска од СДСМ посочи дека инвеститорите во зоните ќе добиваат државна помош, односно 50 проценти од почетната инвестиција и оти здравствените услуги што ќе се нудат во овие зони ќе бидат за 30 проценти поскапи од оние во јавното здравство.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ оценија дека се работи за добар закон со кој ќе се зголеми бројот на вработувањата и ќе се овозможи трансфер на нови технологии и знаења.
Владанка Авировиќ посочи дека слободните здравствени зони ќе бидат слични на технолошко-индустриските развојни зони. Таа истакна дека нема да се трошат пари од граѓаните и оти државата нема да им плаќа ништо на инвеститорите. Она што ќе го добијат инвеститорите ќе биде ослободување од царина и други давачки.
Во претпладневниот дел беа донесени и околу 15 измени на закони од повеќе области. Донесени се измените на Законот за упатување работници од Македонија во други држави за изведување на градежни работи преку проектни договори и за вршење на други сезонски работи, измените на Законот за мирно решавање на работните спорови, на Законот за безбедност и здравје при работа и на Законот за работните односи.
Без расправа беа донесени и измените на Законот за задолжително капитално финансиско пензиско осигурување, на Законот за исплата на пензии и пензиски надоместоци од капитално финансиско пензиско осигурување и на Законот за пензиско и инвалидско осигурување.
Пратениците ги прифатија и измените на Законот за употреба на знаковниот јазик, на Законот за инвалидско организации, на Законот за социјална заштита и на Законот за заштита на децата, сите во второ читање. Донесени се и измените на Законот за агенциите за привремени вработувања, на Законот за вработување на инвалидни лица, на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност.
Собранието продолжува со работа по редовната едночасовна пауза.
Ново на Сител
-
Експерти: Одговорноста за правосудството треба да се бара во индивидуалните постапки на дел од судиите
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Амбасадорите подготвени да соработуваат со Мицкоски за судските реформи
-
Советот на обвинители не сака распуштање, Мицкоски вели срамно е да се има доверба од 2%
-
268 матуранти паднаа на државната матура
-
Кој ќе одговара за скапо платените и некористени акцеларатори за малигно болни кои ќе завршат во отпад?
-
ЕпсоТех инвестира 20 милиони евра - Ќе бидат вработени 110 луѓе
-
„Да ги пуштиме нозете колку ни е долга чергата“ рече Мицкоски за барањето 450 евра минималец