Собранието расправа за Финансискиот план на МРТ за 2016 година
Собранието на Република Македонија денеска ја почна расправата по Предлог-одлуката за одобрување на Финансискиот план на Македонската радио телевизија за 2016 година.
Во расправата Снежана Клинчарова од Програмскиот совет на МРТ истакна дека Македонската радио телевизија е столб на македонската држава и општество. Таа посочи дека со средствата за годинава се предвидуваат повеќе програмски активности за збогатување на програмата.
Според Томислав Тунтев од СДСМ, Македонската радио телевизија треба да биде објективен и непристрасен јавен радиодифузен сервис за што граѓаните плаќаат радиодифузна такса. - Нема информации за објективно, непристрасно и независно информирање на граѓаните, рече Тунтев.
На барање на координаторот на пратеничката група на ДУИ Талат Џафери дадена е пауза од половина час со цел да се обезбедат стенограмските белешки од говорниците.
Претходно, во рамки на 93. седница пратениците ги донесоа измените на Законот за процена по скратена постапка.
Ново на Сител
-
Николоски: Важна средба на Мицкоски со Макрон
-
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да ја отвори истрагата за мазутот во ЕСМ
-
ДКСК: Екс министерката за култура трошела незаконски
-
Минчев: Новото законско решение ќе биде уставно
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба Мицкоски - Макрон
-
Квалитетот на високото образование зависи само од политичката волја во државата
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ