Собранието ќе расправа за закони поврзани со „Македонија вработува 2“
Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 107. седница на која на дневен ред се предлог измените на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, Законот за пензиско и инвалидско осигурување и на Законот за здравствено осигурување кои се поврзани со реализација на проектот „Македонија вработува 2“.
Пред пратениците на оваа седница се и Предлогот на закон за дополнување на Законот за јавните набавки, измените и дополнувањата на Законот за земјоделство и рурален развој, измените на Законот за полиција, измените и дополнувањата на Законот за внатрешни работи и измените и дополнувањата на Законот за минерални суровини, сите по скратена постапка.
На дневен ред на оваа седница се и годишни извештаи на повеќе комисии, агенции и Советот на јавни обвинители.
Ново на Сител
-
Дваесет и пет лица уапсени поради онлајн дистрибуција на детска порнографија генерирана со ВИ, соопшти Европол
-
Жена од Гостивар починала во Струга
-
200 кесички марихуана пронајдени кај малолетник од Скопје | ВИДЕО
-
Димитриеска Кочоска: Немав намера да навредам никого
-
Петрова: Континуирано тече исплатата на парите за МојДДВ и за поврат на ДДВ за компаниите
-
Сообраќајка во Струшко, тешко повредени возачите и еден сопатник
-
Прегазен 91-годишен пешак од Куманово
-
Отстранети две обемни диви депонии во скопската општина Чаир