Собранието ќе ја продолжи 43-тата седница
Собранието денеска треба да ја продолжи 43-тата седница, на чиј дневен ред остана повеќе точки, меѓу кои и предлог измените на Законот за основното образование и предлог законските решенија за утврдување на максималните цени за болничко лекување и за тестирање на пациенти со Ковид-19 во приватните здравствени установи и за управување со дополнителни текови на отпад, сите во прво читање.
На дневен ред се и годишните извештаи за 2020 година за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки, на Агенцијата за електронски комуникации, на Државната комисија за спречување на корупцијата и на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Претениците вчера поминаа дваесетина точки од дневниот ред на 43-тата седница, меѓу кои пакетот закони за заштита на животната средина и управување со отпад, а изгласаа само две точки, од кои одлуката да се продолжи за шест месеци рокот за постоење кризна состојба на територијата на државата заради заштита на здравјето на населението и безбедност од ширење на пандемија од КОВИД-19.
Ново на Сител
-
Утре повторно бојкот на маркетите, министерот за економија најави нови мерки
-
Мицкоски: Одлуката на Уставен е конечна, ќе најдеме решение поединечно со компаниите
-
Се мапираат локалните предизвици
-
ИЈЗ: За една недела има над 3000 болни од грип – пријавени и два смртни случаи
-
Наместо нов Клинички, ГОБ 8-ми септември ќе станува регионален центар
-
Само електонски индекси од октомври?
-
ВМРО-ДПМНЕ до Собранието ќе донесе иницијатива за разрешување на членовите на Судски Совет
-
Камбовски: Според сегашните закони само Советот може да ги разреши членовите