Собранието ќе ја продолжи 43. седница
Собранието денеска треба да продолжи со 43-тата седница на чиј дневен ред се предлог-измените на Законот за основното образование, како и годишните извештаи за 2020 година на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер и на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права.
Собранието вчера ја заврши расправата по неколку точки од 43-тата седница, меѓу кои четири предлог-закони од сферата на животната средина, сите во прво читање, како и предлог-законот за утврдување на максималните цени за болничко лекување и за тестирање пациенти со Ковид-19 во приватните здравствени установи, предложен од пратениците од Левица – Димитар Апасиев и Борислав Крмов.
Пратениците вчера во попладневниот дел од 43-тата седница расправаа и за Годишниот извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2020 година.
Ново на Сител
-

Автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред, исклучок кај 10 линии
-

Православните верници го слават Богојавление-Водици
-

Студено и сончево, минималната температура - 8, максималната 6
-

ЈО: Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на родители на судија
-

Натпреварот на Македонија против Португалија заврши нерешено
-

Кривична за двајца кичевчани, пробале да убијат 39-годишен сограѓанин
-

Одземен сеф со пари откако насилно било влезено во финансиско друштво во Центар
-

Мицкоски: Граѓаните го почитуваат „Безбеден град“, помалку сообраќајќи и побезбеден сообраќај
