Собранието ја продолжува расправата за Центарот за трансплантација

Пратениците во рамки на 91.собраниска седница денеска ќе ја продолжат расправата по Предлог законот за Центар за извонредност за трансплантациона медицина и хируршки болести, во прво читање.
На дневниот ред на оваа собраниска седница се повеќе предлог-закони за изменување и дополнување од различни области, меѓу кои на Законот за прекурзори, на Законот за земање и пресадување на делови на човечкото тело заради лекување, на Законот за санитарната и здравствената инспекција, на Законот за хемикалии, како и на Законот за јавно здравје, на Законот за биомедицинско потпомогнато оплодување и на Законот за здравственото осигурување.
На седницата ќе се расправа и по предлог - законите за изменување на Законот за просветната инспекција и на Законот за спортска академија, на Законот за научно-истражувачката дејност, сите во прво читање.
Како што е најавено, пратениците ќе расправаат и по Предлог-одлуката за утврдување на процентот на зафаќање од вкупниот годишен приход на носителите на лиценци за вршење на енергетски дејности за финансирање на работењето на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија за 2016 година, за предлог-финансискиот план на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија за 2016 година, но и за предлог на одлука за одобрување на годишната програма за работата на Агенцијата за пошти за 2016 година.
На дневниот ред на 91.собраниска седница се и предлог-одлуките за давање согласност на Предлогот на годишната програма за работа и развој и на финансискиот план на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2016 година и на Предлог на одлука за одобрување на Финансискиот план на Македонската радио телевизија за 2016 година.
Ново на Сител
-

Пезешкијан го осуди американско-израелскиот напад врз иранско основно училиште
-

Нетанјаху: Постојат многу знаци дека врховниот лидер на Иран повеќе не е жив
-

Двајца играчи на КК Партизан „заглавени“ на аеродром во Дубаи
-

Русија и Катар повикуваат на прекин на воените дејствија
-

Иранската Црвена полумесечина соопшти дека повеќе од 200 луѓе загинале во американско-израелските напади
-

Иран го блокира Ормутскиот теснец - стопирани нафтените бродови
-

Меѓународниот аеродром во Кувајт гаѓан со дрон
-

Израелски лекари згрижиле 89 лица за време на иранските напади
