Собранието ја продолжи кризната состојба на дел од територијата на земјата и за обезбедување на КПУ Идризово
Собранието попладнево во рамките на 124 седница едногласно со 62 гласа „за“ ја донесе одлуката за за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради спречување на безбедносните закани и зајакнување на обезбедувањето на КПУ КПД Идризово.
Претходно во расправата Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека ова е обид за легализација на, како што рече, неспособноста на оваа Влада.
-Како Собрание ние воопшто не сме гласале одлука за прогласување кризна состојба на дел од општина Гази Баба. Владата сама си прогласила таква состојба, а сега бара од нас да ја продолжиме. Во Македонија фалат над 100 затворски чувари, а сега Владата наоѓа решение војската да ги чува затворениците. Каде во друга земја војска чува затвореници. Не може војска да биде полиција. Таа треба да го чува народот, а со тоа што сега е полиција е против народот, рече Ковачки.
Праша зошто тој што е надлежен за вработување на затворски чувари на почетокот на годинава не примил војници кои имаат навршено 45 години старост и завршуваат со мандат во војската.
Во реплика претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека седницата е свикана процедурално зашто Собранието е обврзано да расправа по однос на предлогот кој произлегува од Законот за кризен менаџмент.
-Мојот став по тој закон сите го знаете – дека е антиуставен и дека не треба да постои. Но, и вие знаете зошто постои законот и ако имате проблем со него треба да покренеме друга иницијатива, рече Џафери.
Појасни дека согласно тоа законско решение одлука за криза прогласува Владата, а пред истекот на рокот на кризната состојба Владата треба да се обрати до Собранието да донесе одлука дали да ја продолжи кризната состојба или да ја прекине.
Ново на Сител
-
Скопјанец испразнил туѓа сметка и земал речиси 700 илјади денари
-
Фрлена рачна бомба во двор во Прилеп, оштетени прозорци и два автомобили
-
Уапсен 41 годишен маж - Со воздушна пушка пукал кон куче
-
Измамен скопјанец за сума од над 18 илјади денари
-
Исчезна 13 годишно девојче од Куманово
-
Шекеринска одржа прием и им се заблагодари на сите чинители за поддршката
-
Украина објави дека руската ракета истрелана кон Дњепар развила брзина поголема од 3.773 метри во секунда
-
Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје