Собранието ја продолжи конститутивната седница
Собранието на Република Македонија денеска ја продолжи конститутивната седница со расправа по третата точка за изборот на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

Пратениците кои беа пријавени за збор од ВМРО-ДПМНЕ не влегоа во салата и со тоа беше исцрпена листата на пријавени кандидати со што заврши претресот по третата точка.
Претседателот на Собранието Талат Џафери поради немање кворум даде половина час пауза.
По завршувањето на конститутивната седница Собранието треба да ја одржи третата седница за избор на работни тела, а напладне да продолжи втората седница за избор на нова влада.
Предлог одлуката за основање на постојани работни тела на Собранието на Република Македонија, е поднесена од пратениците Горан Мисовски, Ејуп Аљими и Илија Димовски.
Седницата за избор на нова влада, што почна вчера, треба да заврши најдоцна до полноќ кога треба да се гласа за предложеното решение од мандатарот Зоран Заев со најмалку 61 глас.
Во новата влада, според предлогот-составот што го достави мандатарот Заев, министри ќе имаат СДСМ, ДУИ и Алијанса на Албанците, кои имаат мнозинство од 62 пратеници во 120-членото Собрание.
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски обелодени кои министри и ресори се опфатени со реконструкцијата
-

Реконструкцијата заврши, се чека партиска одлука
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Финишира владината реконструкција
-

Координациите на пратениците без епилог, утре нов обид за договор за изборниот законик
-

УГД по апсењето на професорката: Нема место за корупција
-

Истражување на ЕСЕ: Има корупција во здравството, но ретко кој признава дека е вклучен
-

Дали се одложуваат операции на Хирургија поради дефектот во климатизацијата?
