-->
-->
Собранието им го одзема имунитетот на шесте пратеници на ВМРО-ДПМНЕ
-->
Собранието на Република Македонија ги прифати барањата на Основниот суд Скопје 1 Скопје за притвор на пратениците Крсто Мукоски, Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска, Љубен Арнаудовски, Љупчо Димовски и Сашо Василевски. Со тоа заврши постапката предвидена со Деловникот на Собранието и Уставот за симнување на пратеничкиот имунитет.Се гласаше поединечно за секој пратеник за кој Основниот суд 1 побара одземање на имунитетот поради притвор. На седницата присуствуваа 67 пратеници, а за одземање на имунитетот на колегите гласаа 67, односно 66 пратеници.
Пратениците на ВМРо-ДПМНЕ не присуствуваа на седницата.
Пред расправата престедателот на Собранието Талат Џафери побара од говорниците да се воздражт од навредливи квалификации и од навлегување во независноста на судството.
Пратеникот Павле Богоевски, кој е и претседател на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања претходно предложи двете точки од Дневниот ред да се спојат во една точка и да се гласа поединечно за секој пратеник.
– На расправата на Комисијата вчера предлогот беше идентичен како денеска, но бидејќи станува збор за еден ист кривично правен предмет вчера Комисијата одлучи да ја спои расправата и да гласа поединечно за секој од пратениците – рече Богоевски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Енрике: Целта на ПСЖ е директен пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите
-

Филипче: Поготвени сме за избори во кое било време
-

Судиите утре избираат член на Судскиот совет од немнозинските заедници
-

Оклахома поуспешна од Њу Орлеанс, Денвер загуби од Детроит
-

ЕХФ ЕУРО 2026: Хрватска „ја доби војната“ со Словенија
-

Ѓоковиќ го сруши рекордот на Федерер по победи на Австралија опен
-

Осумнаесет натпревари од ЛШ во една вечер
-

Бруно Фернандеш заминува од Манчестер Јунајтед?
