Собранието и денеска ја продолжи конститутивната седница
Собранието на Република Македонија и денеска ја продолжи конститутивната седница на која се дебатира за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.
Седницата почна со серија процедурални забелешки на различни теми, поради што беа давани неколку паузи. За дискусија се пријавени 51 пратеник, а во изминатите три дена само тројца го искористија правото на збор.
Пратениците од ВМРО-ДПМНE повторно побараа да се каже што е договорено со ДУИ и СДСМ да се откаже од тиранската платформа, а како единствен излез од политичката криза го посочија одржувањето предвремени парламентарни избори заедно со локалните. Нивните колеги од СДСМ, пак, побараа да се престане со кршење на Деловникот и со „силувањето“ на Парламентот.
Дамјан Манчевски од СДСМ во процедурално обраќање посочи дека посотојано се крши Деловникот и додаде дека уште на 30 декември минатата година било испланирано сценариото за одолговлекување што се спроведува на седницата, кога, како што рече, Трајко Вељаноски беше одреден да претседава со Собранието, наместо најстариот пратеник како што беше пракса досега.
Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ побара што е можно поскоро во јавноста да излезе законот за јазици што го договориле СДСМ и ДУИ и додаде дека како што Албанците во Македонија бараат да се почитуваат нивните права, така бараат и Македонците, Турците, Бошњаците, Власите, Ромите,...
Во реплика Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ прача дека е недозволиво некој пратеник да не ја почитува химната на Македонија и да не станува во нејзина чест.
Ново на Сител
-
Трендафилов: Владата не е против зголемување на минималната плата, туку останатите два синдиката
-
Изградбата на втората фаза во Затвор Идризово се очекува да започне до крајот на годинава, најави Пандов
-
ЕУ воведува царини за САД
-
30-дневен притвор за директорот на Геријатрија
-
Најмалку 113 загинати во несреќата во ноќен клуб во Доминиканската Република
-
Уставниот суд го одби барањето на Апасиев против поранешниот претседател на Собранието
-
Николоски: Заеднички и одговорно ќе го вратиме сјајот и духот на македонските железници
-
Полицајци заедно со затвореник барале дрога во Штип, лажел дека бара часовник кој му го земал кучката Цеца | ВИДЕО