Собранието го прифати Предлог-законот за медијација, во прво читање
Собранието, во рамки на денешната работа по дневниот ред на 45-тата седница, едногласно со 46 гласови „за“ и без расправа заклучи дека е прифатлив Предлог-законот за медијација, во прво читање, и оти може да се даде на натамошно читање.
Ова законско решение, што беше во собраниска процедура со европско знаменце, треба да придонесе да се зајакне правната сигурност на граѓаните и да се најде побрз начин за остварување на нивните права и интереси.
Без расправа и едногласно, но со 45 гласа „за“, Собранието заклучи дека е прифатлив и може да се даде на натамошно читање и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита и спасување, во прво читање.
Пратениците без расправа со 46 гласови „за“ и 13 „против“ го усвоија и Годишниот извештај за работата на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка за 2020 година.
Заради неоправданост и немање потреба од автентично толкување на денешната седница беа одбиени пет барања за автентично толкување на закони, поднесени од пратеници или градоначалници.
Поради не создадени услови за разгледување на 25, 27, 28, 29, 35, 37 и 38 точка од дневниот ред, претседателот на Собранието Талат Џафери го прекина денешното продолжение на 45-тата седница и најави дека дополнително ќе биде закажано. Тој ги повика претседателите на матичните собраниски комисии што поскоро да ги разгледаат преостанатите точки од дневниот ред и на тој начин да се создадат услови за завршување на оваа собраниска седница со вкупно 41 точка на дневен
Ново на Сител
-

Николоски: Градски воз ќе има, ветивме од 1 септември и од 1 септември ќе оперира
-

ЦУК: Три активни пожари на отворено, еден под контрола и осум изгаснати
-

Норис ја освои пол-позицијата на унгарското Гран при
-

Кражба од големи размери во електровлечната подстаница Драчево
-

ОЈО Прилеп отвори истрага против референт во Центарот за вработување за поткуп од 18.000 денари.
-

Муцунски го обвини Османи за извртување на фактите и избегнување одговорност
-

55 годишна жена пронајдена почината во коритото од чешмата во село Копаница
-

Панел дискусија за органодарителство, за трансплантација на срце чекаат 29 пациенти, 12 за црн дроб, 160 за бубрези
