Собранието го донесе новиот Деловник за работа
Собранието во рамки на 131. седница вчера со 83 гласа „за“ и двајца „против“ го донесe новиот Деловник за работа на Парламентот, што ќе се применува од наредниот собраниски мандат. Новиот Деловник е резултат на неколкугодишни разговори меѓу пратениците од овој и минатиот парламентарен состав во рамки на „Жан Моне“ процесот.
За новиот Деловник гласаа пратениците од владејачкото мнозинство предводено од СДСМ, пратениците на ДУИ, на ВМРО-ДПМНЕ, на АА и сите други, освен двајцата пратеници на Левица.
Вчерашната седницата беше три пати прекинувана, а пратениците од Левица бараа таа да биде прекината и предизвикаа инцидент со расфрлување на листовите од нивните амандмани, а пратеникот Борислав Крмов искрши дел од инвентарот од претседавачката маса - компјутер, телефон и слично. Пратениците од Левица имаа поднесено над 2.000 амандмани, а претседателот на Собранието и предлагач на Деловникот рече дека прифатливи се само 12 додека за другите кажа дека се неосновани.
Инцидентот што го предизвикаа пратениците на Левица се случи на првото продолжение на седницата, а нивното негодување и противење на одлуките на Џафери и Собранието продолжи и на следните заседанија.
Претседателот на Собранието Џафери поради штетата што настана при вчерашниот инцидент рече дека следното продолжение на 131. седница ќе се одржи во салата со Купола, како и сите останати до санирање на штетата.
Ново на Сител
-
Ватикан: Исходот од преговорите во Истанбул е трагичен
-
Почина Камерунецот Кунде
-
ФФМ го поништи натпреварот Кожув – Башкими, дисциплинска постапка против двата клубови
-
Москва „генерално задоволна“ од преговорите во Истанбул, договорена размена на илјада воени затвореници
-
Вучиќ: Во Тирана разговарано за инфраструктурните проекти, изградбата на гасовод меѓу Србија и Северна Македонија
-
Крадел на градилиште и откако чуварот го затекнал, го претепал и се заканил дека ќе го убие
-
Мицкоски: Историски ден за Македонија
-
21-годишник од Скопје поседувал средства за фалсификување и неовластено влегувал во компјутерски системи | ФОТО