Македонија
11. September 2017 - 15:44

Собранието ги поддржа измените за унапредување на правата на лицата со попреченост и ги даде во второ читање

Собранието на Република Македонија на денешната 13. седница ги поддржа предлог измените на Законот за социјална заштита и на Законот за детска заштита, и ги даде на натамошно читање.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска образложувајќи ги измените на Законот за социјална заштита, рече дека предвидуваат воведување персонален асистент за лица со попопреченост за првпат во Македонија, а додатокот првпат во Македонија ќе се доделува без конзилијарно мислење.

- Како Министерство за првпат предлагааме воведување посебна програма за обезбедување пероснална асистенција, а тоа значи дека родителите и лицата со пречки ќе можат да добијат поддршка во нивното секојдневно живеење, во нивната активација на пазар на труд и во нивните извршувања на сиоцијалните активности, рече Царовска.

Дополнително, како што додаде, се овозможува правото на паричен надоместок за помош и нега од друго лице, додатокот за слепило и мобилност, како и додатокот за глувост да се остварат без оглед на приходите на лицето кое има потреба од помош за задоволување на основните животни потреби и вклучување во секојдневниот живот во заедницата.

Според Царовска, ова ни укажува дека цензусот се исклучува во овие права или лицето кое има 100 отсто слепило или 100 проценти неможе да се движи, инвалидност 100 проценти, ќе добие поддршка од државата независно од неговите приходи, затоа што тие лица имаат потреба од компензација за инвалидност.

Со законските измени, се овозможува во постапката за остварување на правото на паричен надоместок за помош и нега од друго лице да престане потребата да се доставува конзилијарно мислење и наод од најмалку тројца лекари специјалисти од соодветни специјалности.

- Дополнително со ова не само што се намалуваат трошоци во висина од 1.700 денари и транспортни трошоци, како МТСП воспоставуваме нов механизам за теренска посета на Комисијата од прв степен во семејните домови на лицата кои имаат од ваков вид на поддршка. Нема да ги шетаме лицата кои имат потреба од туѓа нега од болница во болница па дополнително првостепена комисија да одлучува по нивното право, туку со соодветните медицински документи доставени со центрите за социјална работа и првостепената комисија, оваа комисијта да излезе на терен и да го утврди правото кое им следи на овие граѓани, рече таа.

Со измените, како што појасни, се овозможува лице со умерени пречки во менталниот развој да оствари правото на паричен надоместок за помош и нега од друго лице врз основа на наод, оцена и мислење на стручен орган со кој е утврден видот и степен на попреченост, издаден пред навршување на неговата 26 годишна возраст.

Министерката Царовска додаде дека се овозможува родителот на дете со телесни или ментални пречки во развојот и со најтешки облици на хронични заболувања да оствари и користи право на надемосток на плата за скратено работно време, без оглед на возраста на детето. - Со ова се овозможува сите родители кои го користат правото на скратено работно време да го користат и по 26 години, затоа што и по 26 години родителите има обврска и понатаму да се грижат за овие лица, додаде таа.

Предлог законот, како што истакна, предвидува стручниот работник кој е шест месеци пред пензионирање да не полага стручен испит заради проверка на потребното стручно знаење за вршење на работи од областа на социјалната заштита. - Тие лица пред пензија веќе се доволно остручени и нема потреба за се изложуваат на финансиски трошоци за полагање на овој испит, рече Царовска.

Во контекст на тоа додаде дека секој стручен соработник во центрите на социјална работа не го положи стручниот испит од првпат за истата цена која ја плаќа ќе може да полага и вторпат, со што им се намалува финансиското оптоварување на овие граѓани.

Со измените на Законот за детска заштита, како што појасни Царовска се предвидува олеснување на постапката кај користењето на правото на посебен додаток со интервенирање во одредби од Законот за заштита на децата, со тоа што кај правото на посебен додаток, за дете кое има остварено право на посебен додаток и кое е со траен наод, за наредната година да не доставува повторен доказ и барање, туку правото по автоматизам да му се обновува.

Измените на законот за детска заштита, како што појасни министерката ќе почат да се применуваат од 1 јануари наредната година. 

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека ќе го поддржат овие законски измени и дополнувања, со оглед на тоа што како што рекоа, тие значат унапредување на правата на лицата со инвалидност, нешто, на кое, како што рекоа и минатата влада работела континуирано.

На денешната седница почна интерпелација за работата на министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ образложувајќи ја интерпелацијата рече дека Никола Димитров како министер за надворешни работи потпиша договор со соседна Република Бугарија којшто за Бугарија е многу поволен, за Македонија е штетен.

-  Димитров како министер за надворешни работи по однос на евроинтеграциите пред Комисијата за надворешна политика промовираше принцип на инклузивност каде што власт аи опозицијат аќе работат заедно, а на првата прилика каде што можеше да ја покаже таа инклузивност без ниеден законски основ го отстрани Александар Николовски којшто ги помина сите процедури да биде амбасадор на Македонија во ЕУ, рече тој.

Министерот Димитров пак рече дека после многу години стагнација вратите на Македонија се отвораат.

За 100 дена, како што рече Димитров остарил 27 посети, се сретнал со 37 колеги министри и стотина високи странски претставници.