Собранието денеска треба да го донесе Буџетот за 2020 година

Собранието денеска петти ден ќе расправа за Дополнетиот предлог-буџет за 2020 година за кој опозицијата во изминатите денови посочи дека е неразвоен и претставува преизборно купување на граѓаните, а владејачките партии истакнаа дека е во согласност со растот на домашната економија и е во насока на фискална стабилизација.
Расправата за Предлог-буџетот почна во понеделникот и согласно Деловникот за работа на Собранието, треба да заврши денеска. Предлог-буџетот се најде на пленарна седница откако претходно заврши аманданската расправа за него во матичната Комисија за финансирање и буџет.
Во фокусот на буџетот за наредната година е човечкиот капитал, односно подобар здравствен, образовен и социјален систем и силна поддршка за раст на реалниот сектор. Приходите се проектирани на 222 милијарди и 300 милиони денари (3 милијарди 615 милиони евра), што претставува раст од 5,6 отсто споредено со оваа година. Кај расходната страна на буџетот планиран е раст од пет отсто во однос на минатата година со што вкупните расходи изнесуваат 239 милијарди и 700 милиони денари, односно три милијарди 898 милиони евра.
Буџетскиот дефицит за 2020 година е предвиден на ниво од 2,3 отсто од БДП, што е пониско од нивото во 2019 година кога изнесуваше 2,5 проценти, согласно со Фискалната стратегија 2020-2022 и препораките на меѓународните организации. Дефицитот е намален и во апсолутно ниво за 160 милиони денари и изнесува 17 милијарди 385 милиони денари.
Собранието денеска треба да го донесе и Предлог законот за извршување на Буџетот за 2020 година.
Ново на Сител
-

ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени
-

Во Собранието ќе заседаваат пет комисии, ќе се разгледуваат законски измени за рестриктивни мерки, здравство, транспорт
-

ЕП од денеска до четврток на пленарна седница, Урсула фон дер Лајен ќе го одржи своето годишно обраќање за состојбата на ЕУ
-

Брод со мигранти потона кај Грција, 25 лица се водат како исчезнати
-

Цената на нафтата над сто долари за барел поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток
-

Трамп: САД би можеле да останат во Иран и да ја задржат нафтата, како во Венецуела
-

Мицкоски во посета на Граничниот премин Табановце
-

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
