-->
-->
Собрани средствата за операција на малиот Иван од пехчевски Чифлик
-->
Граѓаните од крајниот Исток експресно ги собраа потребните 3.000 евра за операција на десното око на 11 годишниот Иван Мишевски од пехчевското село Чифлик. Како што информираше, Сунчица Тодоровска, еден од иницијаторите на акцијата, најмногу средства беа собрани преку донации на Фејсбук.
-За само 24 часа се собрани потребните 3.000 евра за операција на Иван, чие око беше повредено во несреќен случај. Од име на родителите им се заблагодарам на сите кои учествуваа во акцијата како од Македонија, така и од странство донирајки на фејсбук, но и во рамки на организираните акции во училиштата, кафе баровите, текстилните фабрики. Донатори имаше како од Македонија така и од наши иселеници на кои од срце им се заблагодаруваме што оваа акција заврши успешно, истакна Тодоровска.
Како што информираат лекарите, ваквата операцијата на окото на малолетникот од пехчевски Чифлик е неодложна со цел малиот Иван да не остане без својот вид.
Мишевски во текот на идната недела ќе замине во Белград каде ќе биде изведен хируршкиот зафат. Акцијата за собирање на потребните средства за операција на окото на Иван им ја олесни работата на семејството Мишевски кои не беа во можност сами да ја платат операцијата. Малиот Иван на 17 јануари се здоби со повреда од водзушна пушка по што по напшравената хируршка интервенција во Очна клиника Скопје му беше извадена дијаболата од десното око.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Привремена забрана за дронови во Њу Џерси од безбедносни причини
-
Автобус и две возила удриле во крави на автопатот Скопје - Тетово
-
Сообраќајна незгода на патот Скопје - Тетово, пренасочен сообраќај
-
Мицкоски: Со тоа што Груби е бегалец само потврдува дека е виновен
-
Намалена видливост поради магла на патните правци Ресен - Битола и Струга - Охрид
-
Тошковски: МВР има снимка, полицаецот е суспендиран
-
Нетанјаху: Израел го штити светот од Хутите
-
Нови 118 случаи на грип во државава