Собрани над 51 милион денари за поплавените
Црвениот крст на Република Македонија соопшти дека досега за погодените во поплавите се собрани 51.660.143 денари од кои 38.409.843 денари на сметката на Фондот на солидарност, а 13.250.300 денари со повик на телефоните 075/070/077 143 400.
Од Црвениот крст информираат дека досега се дистрибуирани: 34.036 пакети со храна (еден пакет е наменет за 4 лица), 31.004 дневни и топли оброци, 46.377 литри млечни производи, 7.008 пакети со хигиена, 2.577 бебешки пакети, 315 тони вода, 586 душеци, 4.590 кебиња, 600 кг. облека, 764 парчиња чизми, 341 литри дезинтал...Укажани се 185 асистенции по прва помош од страна на екипите на Црвениот крст.
Акцијата ќе трае заклучно со денеска, а по нејзиното завршување средствата ќе бидат префрлени линеарно на сметките на граѓаните погодени од поплавите.
Од Црвениот крст апелираат во активностите за донирање на хуманитарна помош да се следат инструкциите на надлежните институции и Црвениот крст на РМ, со цел поефективно справување со последиците од природната катастрофа. Од 23 август помошта во материјални добра може да се предаде во магацините на Црвен крст на РМ во Момин Поток - Скопје од 8 до 16 часот (телефон за контакт: 3 096 227).
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување