Соботка: Турција нема да добие безвизен режим на 1 јули

Министерот за внатрешни работи на Австрија, Волфганг Соботка изјави денска дека спогодбата, која ќе им овозможи на Турците без визи да влегуваат во земјите од Европската унија не може да биде комплетирана до планираниот рок, 1 јули.
- Сметам дека 1 јули не е изводлив датум. Ние навистина мораме да имаме правно беспрекорно решение. Доколку немаме, Австрија не може да се согласи, рече Соботка по доаѓањето на состанокот на министрите за внатрешни работи на земјите од ЕУ во Луксембург.
Турските власти минатиот месец предупредија дека целиот договор за ставање под контрола на бегалската криза би можел да пропадне доколку Брисел не им одобри безвиен режим на турските граѓани.
Европската комисија изнесе серија услови за тоа, вклучувајќи и промени во турските антитерористички закани и почитување на човековите права.
Ново на Сител
-

Отворен иновативниот парк N99 Deep Tech Park
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Румен Радев е нов премиер на Бугарија, односите со Македонија не беа дел од првото обраќање
-

Македонија без многу очекувања од новата бугарска Влада
-

ВРЕДИ утре станува партија
-

Советничка на ЗНАМ ја напушти власта
-

Од понеделник поевтинуваат горивата?
-

ОЈО ќе го испитува случајот со заканите од 7-мо одделенецот во Битола
