Соботка: Брисел мора да врши притисок врз Турција да ги исполнува договорите со ЕУ

Европската комисија мора да изврши притисок врз Турција да ги исполнува договорите меѓу неа и ЕУ во врска со миграцијата, изјави чешкиот премиер Бохуслав Соботка по состанокот со шефицата на дипломатијата на ЕУ Федерика Могерини денеска во Прага.
Како што јави дописникот на МИА од чешкиот главен град, Соботка потсети дека ветувањето на ЕУ за обезбедување на финансиска помош на Анкара чека на исполнување на дел од договорот на Турција кој се однесуваше на ублажување на бранот на бегалците.
- Секако дека е многу поедноставно да се спречи, чамците на шверцерите со бегалците да отпловуваат од Турција. Многу е полошо да се задржат тие чамци во моментот кога испловуваат, рече Соботка додавајќи дека Турција има средства со кои може да го регулира миграцискиот бран и Европската унија треба да настојува на тоа.
Со високата претставничка на ЕУ, Соботка се согласи дека доколку Европа треба да ги совлада сите кризи, како миграциската или борбата со тероризмот, потребна и е појака надворешна и безбедносна политика.
Тој, подвлече дека Чешка има интерес да го исполни проектот за заедничка европска погранична стража.
Ново на Сител
-

Жената која си го одзеде животот заедно со нејзината ќерка со години пријавувала семејно насилство, вели нејзиниот брат
-

Се разгледува можноста за евакуација на македонските граѓани од ОАЕ копнено преку Оман
-

Бела куќа: Операцијата против Иран има јасни цели
-

Димитриевски: Недозволиво е Груби да биде во куќен притвор
-

Андоновски на најголемиот светски конгрес за мобилни оператори - MWC26 во Барселона
-

Реакција од ГАК по објавите во медиумите за смртта на родилката
-

Украина разгледува нова локација за преговори со Москва
-

Трамп најавува силен удар врз Иран, не исклучува испраќање копнени сили
