Соборена ракета, која кон Мека ја истрелале јеменските Хути
Саудиска Арабија соопшти денеска дека пресретнала и уништила балистичка ракета, која јеменските бунтовници Хути ја истрелале кон светиот муслимански град Мека.
Војската на Саудиска Арабија истакна дека ракетата, која е уништена на 65 километри од Мека, не причинила никаква штета.
Хутите соопштија дека истрелале ракета „Буркан-1“, но тврдат дека цел бил меѓународниот аеродром „Крал Абдулазиз“ во Џеда, кој е најфрекветниот аеродром во Кралството.
Саудиска Арабија додава дека ракетата е истрелана од јеменската северозападна провинција Сада, на границата со Кралството.
Коалицијата, предводена од Саудиска Арабија од март 2015 година се бори против Хутите во Јемен, обидувајќи се да ја врати на власт Владата на претседателот Абд Рабу Мансур ал Хади, кој е во егзил.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Истече рокот за приговор до ДИК
-
Претседателска кампања 2024
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии
-
Изборна кампања
-
Ценовен шок за возачите: Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата