Собир за „спас на Пирин“ во Софија
Неколку бугарски еколошки организации и движења вечерва пред зградата на Министертсвото за животна средина и води на Бугарија во Софија ќе одржат собир за „спас на Пирин“, јави БТА.
Одлуката за одржување на собирот следи откако во четвртокот министерката за животна средина и води Ирина Косотова потпиша уредба за спроведување на решението за промени во Планот за управување на Националниот парк „Пирин“.
Според мислењето на Костова, за промени во Планот не потребно да се добие претходна еколошка оценка за последиците од планираните измени во управувањето со паркот.
Крајниот рок за обжалување на одлуката на Костова истекува денеска, па неколку еколошки организации најавија дека ќе се обратат до судот со барање за стопирање на уредбата.
Министерството тврди дека со Планот за управување со паркот се водело сметка за критериумите на ОН, имајќи пред вид дека планината Пирин се наоѓа на листата на Светско природно наслество на УНЕСКО.
Претставникот на тимот за изработка на Планот, Димитринка Берброва изјави дека со еден ваков документ не може да се утврди кои, каде и колку дрва ќе се сечат, туку само се предвидуваат мерки за одржување, заштита и обнова шумскиот фонд.
Сепак, еколошките организации бараат да се спречи сеча на шумите на Пирин и нивна заштита како природно богаство.
- Некои дрва на Пирин стари со векови се заштитени со закон и воопшто не може да стане збор за нивна сеча, изјави претседателот на еколошкото Здружение „Природата за луѓето и регионите“, Филип Цанов.
Ново на Сител
-
Македонците од Албанија бараат помош од државата за справување со бугарската пропаганда
-
Тема на денот со Васил Стерјовски
-
Амнестирани обвинетите во случајот „Организатори на 27 април“
-
Рокас: Интензивирани се дипломатските активности, власта да ја спроведе реформската агенда, а ние сме тука да асистираме
-
Посетата на Мицкоски на САД – за ВМРО-ДПМНЕ државен успех, за СДСМ евтина ПР фарса
-
Ахмети со скандалозна изјава од Чашка - Македонците според него зборуваат на бугарски јазик
-
Додека болните чекаат терапија, политичките партии се препукуваат за Онкологија
-
Унгарскиот заем наскоро ќе биде достапен за фирмите