Со возила се нарушува јавен ред и мир во Тетово, од десет казнети, седум се со странски регистрации
СВР Тетово информира дека вчера задржале десет возила од кои седум се со странски регистрации поради нарушување на јавен ред и мир со чкрипење на погонски тркала и предизвикување поголема бучавост од максимално пропишаната. Контролата била спроведена на на улица „Маршал Тито“, на влез во градот.
-На возачите ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци согласно констатираните неисправности во станицата за технички преглед, а доколку биде констатирано преголема бучавост кај возилата, тие согласно законот ќе бидат задржани 90 дена во полициска станица. СВР Тетово апелира до возачите навремено да ја проверуваат техничката исправност на возилата, да не управуваат без положен возачки испит, да внимаваат каде ги паркираат нивните возила и да овозможат нормален проток на сообраќајот, затоа што секој ден сме сведоци на преголема гужва и засилена фреквенција во сообраќајот, но и сообраќајни несреќи со сериозни последици. Со тоа ќе придонесат за поголема лична безбедност и безбедност на останатите учесници во сообраќајот, се вели во соопштението на СВР Тетово.
Поради истата причина, претходните два дена биле исклучени и задржани уште 13 патнички возила.
Во текот на вчерашниот ден во периодот од 8:00 до 1:00 часот спроведена е акциска контрола при што биле откриени и санкционирани вкупно 96 сообраќајни прекршоци, од кои 81 во Тетовско и 15 во Гостиварско. Во Тетово 21 возач бил казнет поради неправилно паркирање, додека со специјално возило „пајак“ биле подигнати 17 возила.
Ново на Сител
-
Несими останува тетовски муфтија
-
Врховната Рада на Украина усвои закон за воена служба по договор за странци
-
ЛШ: Интер без Димарко и Арнаутовиќ против Манчестер Сити
-
Хезболах го обвинува Израел за експлозиите во Либан, расте бројот на загинати
-
Функционерските таблички во различна боја
-
Осум загинати, 2.750 повредени по експлозиите на пејџери низ Либан
-
Османи: Барањата на Вучиќ не треба да се сфатат сериозно, тој не сака Србите да се вратат во косовските институции
-
Петковиќ: Бислими одби трилатерална средба во Брисел