Со воени паради во Москва и другите руски градови се одбележува Денот на победата

Со воени паради во Москва и во многу други региони на Русија денеска оваа земја го одбележува Денот на победата во Големата татковинска војна, пренесе ТАСС.
Парадата во Москва традиционално ќе се одржи на Црвениот плоштад. На неа годинава ќе учествуваат околу 10.000 лица, 114 единици со копнена борбена техника, 72 хеликоптери и авиони. Првпат на парадата се вклучени и единици на општоруското воено-патриотско движење „Јунармија“, девојки-курсисти на Воената придружна академија „Буџони“ и Воено-вселенската академија „Можајски“, како и маринци од Северната флота. Арктичката техника, која годинава за првпат е вклучена во парадата, е претставена од ракетните комплекси „Тор-М2ДТ“ и „Панцир-СА“.
На парадата ќе присуствуваат рускиот претседател Владимир Путин, премиерот Дмитриј Медведев, министерот за одбрана, Сергеј Шојгу и други високи претставници.
По повод празникот, претседателот Путин ќе има обраќање кон сонародниците. Претседателот ќе им оддаде почит на загинатите во војната, положувајќи венец на Споменикот на незнајниот јунак во Александровската градина.
На парадата во Камчатка првпат учестува крајбрежниот вооружен комплекс „Бастион“. На парадата во Хабаровск учествуваат над 1.700 лица и 87 единици со техника. Во Симферопољ на парадата ќе продефилираат делови од ракетните системи „С-300“ и борбени машини на реактивните системи „Град-М“, а на парадата во Севастопољ ќе учествуваат 1.300 лица и 30 единици со борбена техника. Во Калининград воената колона ќе биде предводена од легендарниот тенк „Т-34“.
Во Санкт Петербург првпат ќе има воздушна парада, на која ќе учествуваат 40 авиони и хеликоптери на оперативно-тактичката, армиската и транспортната авијација на Западниот воен округ. На парадата на Дворцовиот плоштад ќе се вклучат и над 4.000 војници и над 100 единици со борбена техника.
Ново на Сител
-

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
-

ДИК усвои финансиски план од 153,2 милиони денари и ги заокружи подготовките за локалните избори
-

Алиу - Тошковски: Граѓаните да не користат пиротехнички средства, тие не се играчка, последиците се сериозни
-

Поевтинуваат бензините, дизелот и мазутот
-

Нема повредени патници во автобуската несреќа во Србија
-

Жена почина во Сараево откако дрво падна врз неа поради насобран снег
-

Царина спречи обиди за шверц на мобилни телефони, парфеми, над два тони храна, суплементи, тутун и живи птици
-

За Бадник и Божик автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред
