Со соодветни агротехнички мерки до заштита на овошките во Пијанец
Во овој период од годината, кога има Сонце, па врне дожд, најмногу на удар се овошките, а како што велат агрономите, тоа најмногу им влијае на кајсиите и праските кои ги демнат опасни болести.
Во овој период, според агрономот Раде Манасиевски, монилијата е потенцијалната опасност за дел од овошките.
– Монилијата се манифестира во самото цветање, а во месец мај може да биде поизразена. Доколку ги има зафатено овошките, треба механички да се исчисти и хемиски со соодветни препарати да се третира. Истото важи и за сливата кај која во овој период се јавува „монилија лакса”. Луѓето треба навреме да ги отстранат заразените делови и да ги напрскаат овошките со средства против „монилија фруктигена”, која продолжува по јавувањето на „монилија лакса“ и предизвикува сушење на младите плодови, а потоа и опаѓање, вели Манасиевски.
Во Пијанечкиот регион овоштарите навреме ги заштитија вишната и сливата, што според Манасиевски, тоа треба да се направи и со другите овошни култури.
– Бидејки кај вишната и сливата во минатото имаше доста промашувања, годинава заштитата е многу добра. Единствено проблем се јавува кај кајсијата и праската, бидејки тие малку порано цветаат, а кај нас овоштарите чекаат да заврши цветањето, така што гледам има „накадрување” на лисјата кај праската, што може да се реши со прскање со фунгициди, додаде Манасиевски.
Сепак, како што додаде делчевскиот агроном, пред тоа да се направи пожелно е овоштарите да се посоветуваат во аптеките, бидејки прскањето треба да биде во комбинација со фолијарни ѓубрива и инсектициди на самите растенија, како против лисни вошки, така и против разни видови на гасеници.
Ново на Сител
-
Коцевски: Ако јас имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Над илјада производи ќе се продаваат со замрзнати маржи до крајот на април
-
Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ
-
СДСМ бара власта да ги прифати нивните мерки
-
Коцевски: Ако имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Новите камери на Сејф сити ќе регистрираат прекршоци од 1 јануари следната година
-
Се замрзнува цената на дел од основните производи
-
Нема нови случаи со шуга во училиштето во кумановско - ИЈЗ бележи зголемен број заболени од ова заразно заболување