Со солзавец и димни бомби полицијата го расчистува протестот пред Собранието против промена на името
Полицијата со солзавец и димни бомби ги растерува демонстрантите од пред Собранието кои протестираат против Договорот со Грција за промена на името во Република Северна Македонија.
На протесто можеше да се забележи огромно присуство на припадници на полицијата, а демонстрантите ги повикаа да им се придружат од другата страна на оградата и заедно да побараат да не се менува уставното име.
Учесниците на протестот извикаа „Македонија, името не го даваме“, името на претседателот на државата, Ѓорге Иванов и пееја патриотски песни.
Шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас денеска во Псарадес ги ставија своите потписи на договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и стратегиско партнерство, во присуство на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас.
На церемонијата присуствуваа високи претставници на ЕУ, на ОН и бројни новинари. Двајцата премиери меѓусебно се нарекоа пријатели, оценувајќи го потпишувањето на договорот како историски ден.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност