Со службени пари вршела набавки за лични потреби - кривична за раководителка во АВРМ
Денеска (25.11.2021) Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против лицето С.А.(36), раководител во Центар за вработување при АВРМ, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“, предвидено и казниво по член 353 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Пријавената го сторила кривичното дело во својство на службено лице од позиција на раководител, при што во периодот од 01.01.2014 до 30.04.2017, злоупотребила и ненаменски искористила парични средства од благајната на Центарот за вработување при АВРМ, кои биле одобрени за службени потреби и репрезентација на Центарот, а таа, со намера за себе да прибави корист, злоупотребувајќи ја својата службена положба и пречекорувајќи ги границите на службените овластувања, вршела набавки на стоки и услуги за свои лични потреби, а не за потребите на службата.
С.А. со злоупотреба на својата службена положба и овластувања, постапувајќи спротивно на одредбите од Законот за извршување на буџетите и Законот за спречување на корупција, во периодот 2014-2017 година, за свои лични потреби и за своја сметка нанела штета на Буџетот во вкупен износ од 635.065 денари (10.325 ЕУР).
Ново на Сител
-
Машката ракометната репрезентација на Македонија има шанси за во четвртфинале
-
Трамп: Не сум сигурен дека воопшто треба да трошиме нешто за НАТО
-
Аеродромот во Истанбул е најпрометен во Европа
-
Трамп потпиша указ за развој на вештачка интелигенција „без идеолошка пристрасност“
-
Најстудено утрово во Битола -4, во Скопје два степена и магла
-
Одбележување на Св. Сава – Националниот празник на српската заедница во Македонија
-
Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности на патот Катланово – Градманци во Општина Петровец
-
Без струја Мирковци и дел од Аеродром