Со систем капка-по-капка зголемени приносите на пченка во Североисточниот регион
Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, кофинансиран од Владата на Швајцарија, Центарот за развој на североисточниот плански регион и Бучен Козјак, денеска со демонстрација на систем капка-по-капка на полето со пченка на земјоделецот Свето Пандиловски во село Романовце, општина Куманово го одбележаа драстичното зголемување на приносите на пченка во Североисточниот регион.
Шеесетте производители на пченка од регионот, кои за прв пат наводнуваа со системи капка-по-капка донирани од УСАИД, успеаа да ги зголемат нивните приноси за 60 отсто, поточно до максимален принос на зрно од 19 тони по хектар. Земјоделецот Пандиловски очекува принос на зрно од 12 тони по хектар, што е двојно повеќе од минатата година кога не користел капка-по-капка наводнување.
- Ги охрабрувам нашите кооперанти, но и другите производители на млеко, да инвестираат во капка-по-капка наводнување за пченка. Таквата инвестиција се враќа во истата година, го олеснува наводнувањето, а истовремено ја зголемува заработката, рече Ненад Станојковиќ, директор за набавки на Бучен Козјак.
Од 2012-та до 2015 година, Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси го финансираше поставувањето на системи капка-по-капка на 280 хектари со пченка и сончоглед со цел модернизација на нивното производството. Земјоделците кои ги користеа системите имаа 50 до 100 отсто повисоки приноси од минатите години.
Благодарение на нивните добри резултати, производители на пченка и сончоглед од цела Македонија самите инвестираат во оваа технологија и поставија системи капка-по-капка на дополнителни 361 хектари. Дел од овие системи беа кофинансирани од Националната програма 50/50 на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Ново на Сител
-
Николовски: Наплатата на приходите од ДДВ при увоз на патнички возила зголемена за над 482 милиона денари
-
Јовчески: Детето повредено кај Рашче, очекувам наскоро на домашно лекување
-
За повлечениот Предлог-закон за средно образование повторно ќе се дискутира за да се најде заеднички јазик, вели Јаневска
-
Француски осуденик држи неколку вработени во затворот како заложници
-
Лазаров пред СП 2025: Умерен оптимист сум
-
Мицкоски: Да видиме како ќе работи новиот претседател на Судски совет
-
Жестоко ќе реагираме ако повторно има несакани појави со цените, најавува Мицкоски
-
Едно лице загина, а четворица се повредени во руски напад во регионот на Киев